Archive 2021

Фестивалот на Цивика мобилитас

„Ден на граѓанските организации“

„30 години граѓански активизам“

Фестивалот на Цивика мобилитас – „Ден на граѓанските организации“, во Градски парк на Школка ги собра и престави 90 граѓански организации ги поставија своите штандови, ги наполнија со информации за нивните активности и постигнувања и се дружеа со граѓаните.  Фестивалот на  Цивика мобилитас е најголемиот настан од ваков вид. Темата на овогодинешниот Фестивал беше „30 години граѓански активизам“.

Главните пораки што ги испратија од Фестивалот беа дека сите тие придонесуваат за овозможувачка околина за демократски развој во општеството. Програмските активности изобилуваа со најразлични активности.

Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК, какои секоја година и оваа учествуваше на фестивалот со излагање за досегашните проектни активности.

На Фестивалот во своето последно обраќање во тоа својство  Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, им се заблагодари на граѓанските организации за одличната соработка и за нивната посветеност што ја имаа создавајќи многу незаборавни спомени за неа. „Горда сум што бев дел од ова живописно граѓанско општество во последните повеќе од пет години“, рече Амбасадорката Сутер. Таа изрази надеж дека Фестивалот ќе стане традиционален и дека секоја година ќе носи се повеќе и повеќе учесници и организации.

На Фестивалот Цивика мобилитас многумина учесници и посетители ја искористија можноста да се информираат, да се дружат и договорат идна соработка, за подобар, поактивен сектор, за повкоренето граѓанско општество кое ќе продолжи да ги прави промените во полза на сите граѓани.

Се гледаме идната година, се надеваме без Ковид криза и многу, многу резулати.

ДРЖАВНОТО ФИНАНСИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР – СО ФОКУС НА ПРОЕКТИ НАСОЧЕНИ КОН РОМИ

Финансирањето на граѓанскиот сектор кај ромската заедница е еден од  клучните елементи на  државата за поддршка во насока интегрирање во општеството. Финасирање на граѓанскиот сектор кај ромската заедница од страна на државата треба да биде значителен извор на одржливост на граѓанските организации, а самото тоа  е предуслов за обезбедување демократски и социо-економски просперитет.

Оваа анализа има за цел да иницира подобрување на државната за поддршка на граѓанскиот сектор кај ромската заедница во насока интегрирање во општеството.

Анализата е продукт за контуиранато залагање, застапување на Асоцијација Иницијатива за социјалнапромена ИнСоК – Скопје за степенот на државно финасирање на граѓанскиот сектор при спроведувањето на акции – проекти насочени кон Ромите.

Содржината на оваа публикацијата е единствена одговорност на Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК  и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Евиденвија на лицата неевидентирани во матичната книга на родени станува реално остварливо

Долгогогодишното застапување на голем број Граѓански организации за воспоставување системско и трајно решение за евиденвија на лицата неевидентирани во матичната книга на родени станува реално остварливо. Деновиве и првите евиденирани лица во регистарот за неевидентирани лица и издадени првите изводи. Долгогогодишното застапување на голем број Граѓански организации за воспоставување системско и трајно решение за евиденвија на лицата неевидентирани во матичната книга на родени станува реално остварливо.Деновиве и првите евиденирани лица во регистарот за неевидентирани лица и издадени првите изводи.Во оваа прилика упатуваме голема благодарност до сите кои ибарем малу придонесоа ова да стане реалност.