ПОВИК Бр. 0818-6.1 ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
ПОВИК Бр. 0818-6.1
ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “Надвор од кругот – невидливи во општеството“ кој се спроведува со финансиска помош од Европската унија во рамки на ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015, објавуваат:
Финансиската подршка е наменета за граѓански организации кои сакаат да придонесат кон зајакнување на влијанието во креирање на јавни политики за елиминација на процедурите и административните потешкотии со кои се соочуваат Ромите без документи за лична идентификација и овозможување на уживање на основните човекови права како рамноправни граѓани во општеството. Read More