Фестивалот на Цивика мобилитас

„Ден на граѓанските организации“

„30 години граѓански активизам“

Фестивалот на Цивика мобилитас – „Ден на граѓанските организации“, во Градски парк на Школка ги собра и престави 90 граѓански организации ги поставија своите штандови, ги наполнија со информации за нивните активности и постигнувања и се дружеа со граѓаните.  Фестивалот на  Цивика мобилитас е најголемиот настан од ваков вид. Темата на овогодинешниот Фестивал беше „30 години граѓански активизам“.

Главните пораки што ги испратија од Фестивалот беа дека сите тие придонесуваат за овозможувачка околина за демократски развој во општеството. Програмските активности изобилуваа со најразлични активности.

Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК, какои секоја година и оваа учествуваше на фестивалот со излагање за досегашните проектни активности.

На Фестивалот во своето последно обраќање во тоа својство  Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, им се заблагодари на граѓанските организации за одличната соработка и за нивната посветеност што ја имаа создавајќи многу незаборавни спомени за неа. „Горда сум што бев дел од ова живописно граѓанско општество во последните повеќе од пет години“, рече Амбасадорката Сутер. Таа изрази надеж дека Фестивалот ќе стане традиционален и дека секоја година ќе носи се повеќе и повеќе учесници и организации.

На Фестивалот Цивика мобилитас многумина учесници и посетители ја искористија можноста да се информираат, да се дружат и договорат идна соработка, за подобар, поактивен сектор, за повкоренето граѓанско општество кое ќе продолжи да ги прави промените во полза на сите граѓани.

Се гледаме идната година, се надеваме без Ковид криза и многу, многу резулати.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро