ПОВИК Бр. 0818-6.1 ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ПОВИК Бр. 0818-6.1
ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “Надвор од кругот – невидливи во општеството“ кој се спроведува со финансиска помош од Европската унија во рамки на ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015, објавуваат:

Финансиската подршка е наменета за граѓански организации кои сакаат да придонесат кон зајакнување на влијанието во креирање на јавни политики за елиминација на процедурите и административните потешкотии со кои се соочуваат Ромите без документи за лична идентификација и овозможување на уживање на основните човекови права како рамноправни граѓани во општеството. Read More

ПОВИК бр. 0818- 5.5.1.2 АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ АСИСТЕНТИ ЗА ПРАВНИ СОВЕТИ

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ АСИСТЕНТИ ЗА ПРАВНИ СОВЕТИ
во рамки на проектот: “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО”

Објавен од: Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари

Објавен на: 26/12/2017

Активен до: 20/01/2018

Позиција: Асистент за правни совети

Локација: Шуто Оризари (Скопје), Битола, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гевгелија, Кичево, Охрид, Пехчево и Штип Read More

ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА МАТЕРЈАЛИ

ПРЕДМЕТ: ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА МАТЕРЈАЛИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ: “НАДВОР ОД КРУГОТ – НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО“/ Според Договор за грантИПА/2015/381751

 

Поканети сте да учествувате на повик за доставување на понуди за печатење на проектни матерјали.

Во поканата се приложени следните документи:

–              Инструкции за понудувачите

–              Технички спецификации

–              Образец на понуда + финансиска понуда  (Прилог 1),

–              Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),

–              Изјава за независна понуда (Прилог 3)

Матерјалите подготвени во формат за печатење ќе ви бидат доставени по изборот на понудувач со најповола прифатлива цена на понудата.

Крајниот рок за доставување на понудите е 08,08,2017 година во 15:00 часот.

Понудите можат да се поднесат: на е-маил: insoc@insoc.org.mk ,  преку препорачна пошта на улица: Миладин Поповиќ 4-1а, 1020 Скопје или на рака на истата адреса.

 

Инструкции

Техничка спецификација

Образец за понуда – буџет

Изјава за исполнување на критериуми

Изјава за независна понуда

ЗА НАБАВКА НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ – Дизајн и подготовка на банер на проектот, банер за конференција, летоци, постери и промотивен материјал

Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје во соработка со Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари, го спроведува проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО”. Проектот се спроведува во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија – Поддршка за граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации за 2015 (EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK).
Проектот има за цел да придонесе кон зајакнување на влијанието на ромските граѓански организации во креирањето на политики за елиминација на процедурите и административните потешкотии со кои се соочуваат Ромите без документи за лична идентификација и овозможување на уживање на основните човекови права како рамноправни граѓани во македонското општество.

 

НАБАВКА НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ:
Во рамки на проектот: “Надвор од кругот – невидливи во општеството”

Дизајн и подготовка на банер на проектот, банер за конференција, летоци, постери и промотивен материјал

ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

ЗА НАБАВКА НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ – Комуникациска стратегија и видливост на проектот

Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје во соработка со Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари, го спроведува проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО”. Проектот се спроведува во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија – Поддршка за граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации за 2015 (EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK).
Проектот има за цел да придонесе кон зајакнување на влијанието на ромските граѓански организации во креирањето на политики за елиминација на процедурите и административните потешкотии со кои се соочуваат Ромите без документи за лична идентификација и овозможување на уживање на основните човекови права како рамноправни граѓани во македонското општество.

 

НАБАВКА НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ
Во рамки на проектот: “Надвор од кругот – невидливи во општеството”

Комуникациска стратегија и видливост на проектот

ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

 

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАЛИ ГРАНТОВИ – ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ 2016

Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК, Скопје, и Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови, објавуваат повик за доделување на мали грантови на Ромски граѓански организации.

Целта на конкурсот е да се обезбеди подршка на Ромски граѓански организации кои работат на зајакнување на соработката со институциите на локално и национално ниво преку застапување и лобирање, за поадекватен одговор на потребите и проблемите на Ромската заедница во Република Македонија. Повикот ќе подржи проекти кои:

  1. Ќе демонстрираат иновативни модели на партнерство со јавните институции и приватниот сектор, особено во областите на вработување и претприемништво со насока да бидат мултиплицирани или интегрирани во јавните политики;
  2. Ќе бидат во насока на мобилизирање на средства за техничка помош и подршка за зголемување на способностите на локалните даватели на услуги за полесен пристап и искористување на ЕУ фондовите;
  3. Се однесуваат на надминување на бариерите кои го отежнуваат пристапот до ЕУ фондови, особено делот со финансискте капацитети на Ромските граѓански организации.

Важноста од застапување и лобирање за Ромската заедница оди во прилог на остварување на целите и приоритети предвидени со Стратегијата на Ромите и придонесува за развој и унапредување на можностите кои што им стојат на располагање на граѓаните.

Малите грантови се во висина од минимум 3.000 УСД до максимум  5.000 УСД, a  вкупниот фонд на проектот Пристап на Ромите до фондови за оваа намена изнесува 25.000 УСД. Временската рамка за реализација на проектите треба да биде од 3 (три) до максимум 5 (пет) месеци. Рокот за доставување е понеделник, 30 Maj, 2016 година до 15:00 часот- на следнива е-mail адреси:  insoc@insoc.org.mk.

Формуларите за пријавување, како и повеќе информации за конкурсот се достапни на веб-страната на Проектот пристап на Ромите до фондови www.prf.org.mk и  www.insoc.org.mk

Симни апликација:

Формулар за аплицирање

Проектот е финансиски подржан од програмата на Институт отворено општество Будимпешта „Да се направи максимум со ЕУ фондовите за Ромите”.

 

Контакт инфо:

Асоцијација иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје

Е-mail: insoc@insoc.org.mk

т. +389 (0) 2 61 42 690

Скопје, 17 Април, 2016

Конкурс за доделување на мали грантови: Застапување и лобирање

Целта на конкурсот е да се обезбеди поддршка на ромските граѓански организации кои работат на зајакнување на соработката со институциите на локално и национално ниво преку застапување и лобирање, за поадекватен одговор на потребите и проблемите на ромската заедница во Република Македонија. Read More