АНАЛИЗА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕТО НА МЕДИУМИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2025 ГОДИНА ПОВРЗАНО СО НЕМНОЗИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

     Оваа анализа го истражува медиумското известување за немнозинските етнички заедници во Република Северна Македонија за време на локалните избори во 2025 година. Изработена во рамките на проектот „Фер избори – можности за помалите заедници“, таа има за цел да утврди колку и на кој начин медиумите ги покриваат темите поврзани со правата, учеството и застапеноста на овие заедници во јавниот и политичкиот живот. Методологијата комбинира квантитативен и квалитативен пристап, преку систематско пребарување на медиумски текстови од септември до ноември 2025 година, користејќи клучни зборови поврзани со етничките заедници и малцинските права. Анализата покажува дека најголем дел од содржините се однесуваат на ромската заедница, а доминантните медиумски рамки се политички, социјални и проблемски наративи. Забележано е значително повторување на вести меѓу медиумите, што укажува на ограничена оригиналност во известувањето. Резултатите ја нагласуваат потребата од поинклузивен, балансиран и одговорен медиумски пристап кој ќе придонесе за подобро разбирање меѓу заедниците и зајакнување на довербата во демократските процеси.

„Фер избори – можности за помалите заедници“ е проект спроведуван од Институт за социјална промена ИнСоК – Тетово во партнерство со Здружение за права и хуманост Интегра Нау Скопје. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”  финансиран од Европската Унија. Содржината на документот е единствена одговорност на спроведувачот на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

КАМПАЊА – СТОП ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО!

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро