ПОВИК ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ

(модератор за јавна дебата)

Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово во партнерство со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) – Гостивар, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце и Асоцијација Институт за лидерство и јавна политика – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, објавува повик за набавка на услуги.

1. Предмет на набавка

Ангажирање модератор за јавна дебата.

2. Настан

  • Име на настан: Јавна дебата „Причини и состојба со миграцијата на младите од Полошкиот регион“
  • Локација: Општина Брвеница
  • Датум и време: 26.12.2024, со почеток во 14:00 часот
  • Број на учесници: приближно 20 лица

3. Услуги кои треба да се обезбедат

  • Подготовка и водење на јавната дебата.
  • Модерирање на дискусијата меѓу учесниците.
  • Обезбедување фер и балансирана можност за изразување на сите учесници.
  • Кратко сумирање на заклучоците од дебатата.

4. Критериуми за избор

  • Искуство во модерирање јавни дебати, конференции или слични настани.
  • Познавање на темата (млади, миграција, граѓански ангажман).
  • Комуникациски и организациски вештини.

5. Рок и начин на доставување понуди

Понудите да се достават најдоцна до 13.12.2024.
Понудите се доставуваат електронски на е-пошта: insoc@insoc.org.mk или во печатена форма во канцелариите на ИнСоК на ул. Христијан Т. Карпош бр. 3, 1220 Тетово.

6. Напомена

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро