Логистичка, техничка поддршка на коференцијата
Завршена конференција – Форум на помалите заедници
Во рамки на проектот “Од предрасуди до пријателства: Локални иницијативи за инклузивно општество” спроведуван од страна на Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК, а финансиран од страна на Министерството за односи меѓу заедниците се објавува следниот повик за понуда за обезбедување на логистичка и техничка поддршка за организирање на Завршена конференција – Форум на помалите заедници во Република Северна Македонија.
- Предмет на повикот: Предмет на овој повик е обезбедување на логистичка и техничка поддршка на завршна конференција (ФОРУМ) на која ќе учество на 50 преставници на организации – здруженија на помалите заедници во Република Северна Македонија во која ќе се направи напори за да се поттикне соработка и инклузивност преку заедничка иницијатива од различни етнички заедници, со фокус на решавање на предрасудите и градење на доверба.
- Потребни услови:
- Обезбедување на Папки нотеси и беџови на 50 учесници и 10 организатори.
- Озвучување на завршната конференција.
- Временска рамка
Предложен датум: Еден ден во периодот од 25 до 31 октомври 2025 година (конкретниот датум ќе биде усогласен помеѓу проектниот тим и термините со давателите на услуги).
Краен рок за испраќање на понудите | 30.09.2025 |
Потпишување на договор | 15.10.2025 |
- Вредност на набавката
Вредноста на оваа набавка е 60,000.00 мкд бруто износ, секоја сума која ќе биде под оваа вредност може да биде преднос при одлучување.
Ве замолуваме
Заинтересираните своите понуди да ги достават најдоцна до 30.09.2025 на e-mail: insoc@insoc.org.mk со назнака за повик бр.0847-А05/3.