ОГЛАС БР. 0847-А05/2

Панелисти на конференција

Завршна конференција – Форум на помалите заедници

Во рамки на проектот “Од предрасуди до пријателства: Локални иницијативи за инклузивно општество”  спроведуван од страна на Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК, а финансиран од страна на Министерството за односи меѓу заедниците се објавува следниот повик за ангажирање на панелисти  за учество на Завршна конференција – Форум на помалите заедници во Република Северна Македонија.

  1. Предмет на повикот: Предмет на овој повик е ангажирање на 4 панелисти кои ќе учествуваат на завршна конференција  (ФОРУМ) на која ќе учествуваат 50 преставници на организации  – здруженија на помалите заедници во Република Северна Македонија  во која  ќе се направи напори за да се поттикне соработка и инклузивност преку заедничка иницијатива на различни етнички заедници, со фокус на решавање на предрасудите и градење на доверба.
  1. Потребни услови:
  • Биографија (CV) со претходни искуства во насока на унапредување на правата на помалите заедници во Република Сверна Македонија.
  • Краток концепт до 200 зборови.
  1. Временска рамка

Предложен датум: Еднодневната конференција ќе се одржи во периодот меѓу 25 и 31 октомври 2025 година (конкретниот датум ќе биде усогласен помеѓу проектниот тим и давателите на услугите).

Краен рок за испраќање на понудите30.09.2025
Потпишување на договор15.10.2025
  1. Вредност на набавката

Вредноста на оваа набавка е максимум 5,000.00 мкд бруто износ. Секоја понудена пониска сума може да биде преднос при одлучување.

Заинтересираните своите понуди да ги достават најдоцна до 30.09.2025  на e-mail: insoc@insoc.org.mk со назнака за повик бр.0847-А05/2.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро