за ангажирање на обучувач за одржуваање на дводневна работилница
Во рамки на проектот “Од предрасуди до пријателства: Локални иницијативи за инклузивно општество” спроведуван од страна на Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК, а финансиран од страна на Министерството за односи меѓу заедниците се објавува следниот повик за ангажирање на обучувач за одржување на дводневна обука на тема малцински права .
- Предмет на повикот: Предмет на овој повик е ангажирање на обучувач за одржување на дводневна работилница на тема малцински права, домашни и меѓународни норми за остварување на правата на помалите заедници
 
- Потребни квалификации: Заинтересираните понудувачи треба да ги поседуваат следниве квалификации:
 - Завршено високо образование
 - Најмалку 5 години искуство во областа на малцински права
 - Искуство во одржување на тренинзи и работилници
 
- Временска рамка
 
| Краен рок за испраќање на понудите | 15.08.2025 | 
| Селекција на пристигнати понуди | 18.08.2025 | 
| Потпишување на договор | 20.08.2025 | 
| Одржување на работилницата | xx.09.2025 | 
- Вредност на набавката
 
Вредноста на оваа набавка е 13,000.00 мкд бруто износ за целокупниот ангажман кој вклучува подготовка на материјали за работилницата, одржување на работилницата и доставување на извештај за истата.
Заинтересираните кандидати своите биографии заедно со писмо за интерес да ги достават најдоцна до 15.08.2025 на рака или e-mail: insoc@insoc.org.mk со назнака за повик бр.0847-А03/2.
Напомена: Асоцијацијата Институт за социјална промена ИнСоК – Тетово ќе ги контактира и ќе ги извести за изборот најдобрите три апликации/понуди.