за ангажирање модератор
Настан за вмрежување – Општина Ростуше
09.06.2025 (понеделник)
Почитувани,
Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, организира настан за вмрежување на локално ниво на 09.06.2025 година во Ростуше.
Со ова барање Ве покануваме да доставите понуда за ангажирање модератор кој ќе ја води програмата на настанот.
Детали за ангажманот
- Датум: 09.06.2025 (понеделник)
- Време: 10:00 – 14:00 часот
- Локација: Средно училиште – Ростуше
- Број на учесници: 30–40 лица
Обврски на модераторот
- Воведно обраќање и претставување на целите на настанот.
- Водење на агендата според предвидениот дневен ред.
- Модерирање на дискусиите и прашањата од учесниците.
- Поттикнување на интеракција и вмрежување меѓу учесниците.
- Заклучни забелешки и сумирање на резултатите од настанот.
Потребни квалификации
- Искуство во модерирање јавни настани, работилници или конференции.
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
- Познавање на темите поврзани со младински ангажман, граѓански организации и претприемништво.
Рок за доставување понуда
Ве молиме понудата да ја доставите најдоцна до 06.06.2025 на е-пошта: insoc@insoc.org.mk или лично во канцелариите на ИнСоК – Тетово.
Критериуми за избор
- Искуство
- Финансиска прифатливост на понудата.
- Способност за интерактивно и инклузивно модерирање.