Настан за вмрежување – Општина Ростуше
09.06.2025 (понеделник)
Пицерија “Зинко-Бос“ – Ростуше
Почитувани,
Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, организира настан за вмрежување на локално ниво на 09.06.2025 година во Ростуше.
Со ова барање Ве покануваме да доставите понуда за обезбедување ручек и освежување за учесниците на настанот.
Детали за настанот
- Датум: 09.06.2025 (понеделник)
- Време: 10:00 – 14:00 часот
- Локација: Пицерија “Зинко-Бос“ – Ростуше
- Број на учесници: 30–40 лица (очекувано)
Потребни услуги
- Ручек (по завршување на настанот, околу 14:00 часот):
- Мени со главно јадење (месна и вегетаријанска опција).
- Вклучени пијалоци (минерална вода, сок).
- Дополнителни услови:
- Навремено сервирање и професионална услуга.
- Вклучени сите трошоци (услуга, прибор, персонал).
Рок за доставување понуда
Ве молиме понудата да ја доставите најдоцна до 05.06.2025 на е-пошта: [insoc@insoc.org.mk] или лично во канцелариите на ИнСоК – Тетово.
Критериуми за избор
- Квалитет и разновидност на понуденото мени.
- Финансиска прифатливост.
- Искуство во организација на вакви настани.