ПОВИК ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ

(аудио озвучување и превод на јавни настани)

Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово во партнерство со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) – Гостивар, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце и Асоцијација Институт за лидерство и јавна политика – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, објавува повик за набавка на услуги.

1. Предмет на набавка

  • Обезбедување аудио озвучување за јавни дебати и настани за вмрежувања и активности.

2. Услуги кои треба да се обезбедат

  • Професионално озвучување (микрофони, звучници, миксер).
  • Техничка поддршка од лице за управување со опремата за време на настанот.
  • Монтажа и демонтажа на опремата.
  • Резервна опрема (микрофон/кабли) во случај на технички проблеми.

4. Критериуми за избор

  • Финансиска понуда (вкупна цена за услуга).
  • Квалитет и техничка спецификација на опремата.
  • Искусност во обезбедување озвучување за јавни настани.
  • Достапност на техничка поддршка за време на целиот настан.

5. Рок и начин на доставување понуди

  • Понудите да се достават најдоцна до 07.02.2025.
  • Понудите се доставуваат електронски на е-пошта: insoc@insoc.org.mk или во печатена форма во канцелариите на Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово ул. Христијан Т. Карпош бр.3, 1220 Тетово.

6. Напомена

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро