(простор и храна за јавна дебата)
Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово во партнерство со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) – Гостивар, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце и Асоцијација Институт за лидерство и јавна политика – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, објавува повик за набавка на услуги.
1. Предмет на набавка
- Изнајмување простор за одржување јавна дебата
- Обезбедување храна и освежителни пијалоци за учесниците
2. Настан
- Име на настан: Јавна дебата „Причини и состојба со миграцијата на младите од Полошкиот регион“
- Локација: Маврови Анови – Маврово
- Датум и време: 11.12.2024, со почеток во 11:00 часот
- Број на учесници: приближно 20 лица
3. Услуги кои треба да се обезбедат
- Простор со доволен капацитет за наведен број учесници, со соодветна техничка опрема (столици, маси, основна озвученост).
- Храна (ручек/мени) и освежителни пијалоци за сите учесници.
- Поддршка од персонал за сервирање и организација.
4. Критериуми за избор
- Финансиска понуда (цена по учесник и вкупна цена).
- Квалитет и разновидност на понуденото мени.
- Достапност и соодветност на просторот за јавна дебата.
- Искусност во обезбедување услуги за слични настани.
5. Рок и начин на доставување понуди
- Понудите да се достават најдоцна до 06.12.2024.
- Понудите се доставуваат електронски на е-пошта: insoc@insoc.org.mk или во печатена форма во канцелариите на ИнСоК на ул, Христијан Т. Карпош бр 3 1220 Тетово
6. Напомена
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.