Сакајќи да го зголемиме граѓанскиот ангажман за значително да придонесе во надминувањето на проблемот со миграцијата на младите, започнавме со реализација на проектот:
Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион
СПРОВЕДУВАЧИ на проектот се:
Носител: АДИ – Здружение Асоцијација за демократска иницијатива
ПАРТНЕРИ: ЦЕД – Центар за едукација и развој – Теарце
Асоцијација Институт за Лидерство и Јавна Политика – Тетово
Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК – Тетово
Проектот е поддржан и финансиран од:
Цивика мобилитас проект на Швајцарската амбасада, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска).
ПРОЕКТОТ ќе трае од 01јули 2024 до јули 2026 година и ќе се спроведува во Полошкиот регион општините: Маврово – Ростуше, Гостивар, Врапчиште, Брвеница, Боговиње, Тетово, Теарце, Јагуновце и Желино.
Општа цел на проектот е:
Подобрување на општествениот контекст во кој што функционираат младите од Полог особено во врска со свесноста за проблемот со миграцијата, поттикнување на нивен граѓански ангажман и претприемништво.
Специфична цели на проектот се:
1. Проценка на причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион
2. Јакнење на капацитетите на младите од Полог за нивен граѓански ангажман и идни претприемачки активности
3. Унапредување на координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и релевантни чинители, бизнис заедницата, локалните самоуправи за да се подигне свеста за проблемот на миграцијата и можностите за младите
Со спроведување на активностите:
A.1.1. Спроведување на истражување за причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион. (Р1)
А.1.2. Јавни дебати за споделување на наодите од истражувањето. (Р1)
А.1.3. Работилница за локално граѓанско застапување. (Р1)
А.2.1 Дводневна обука за 20 млади за граѓански ангажман. (Р2)
А.2.2 Дводневна обука на тема претприемништво и развој на практични лидерски вештини за 20 млади. (Р2)
А.2.3 Отворени настани за вмрежување. (Р2)
А.3.1 Спроведување информативна кампања. (Р3)
А.3.2 Организација на заеднички настан за промоција на традиционалните занаети и вредности во Гостивар. (Р3)
А.3.3 Организација на заеднички настан на граѓански организации, производители на храна во Теарце. (Р3)
Нашите очекувани резулати се:
Р1 – Утврдени специфични прашања за проблемот на миграцијата и предложени решенија вклучени во документ за јавна политики
Р2 – Зајакнати капацитети за лидерство и претприемништво на младите од плинскиот регион Полог.
Р3 – Промовирани успешни приказни поврзани со граѓански активизам и претприемништво во Полог
Ние веруваме дека кога луѓето активно се вклучени во своите заедници, може да се создаде посилна култура на взаемна поддршка и развој.
Граѓанскиот ангажман ќе придонесе да се адресираат причините за миграцијата кај младите од сите општини кои го покриваат полошкиот регион.
Со проектот иницираме и придонесеме за вклучување на локалните актери: младински организации, совети за млади, локални самоуправи, бизнис заедница, ќе се развијат конкретни препораки и барања за промени, креирање на програми и услуги како што се локални иницијативи за создавање на работни места или програми за подобрување на образованието во регионот.
Акцијата ќе создаде силна мрежа на поддршка за младите луѓе во регионот. Преку различните форми кои ќе се применат како што се обуки, настани за вмрежување, ќе се обезбеди поддршка за нивните идеи, амбиции и кариерни цели, што може да ги поттикне да останат во регионот и да инвестираат во неговиот развој. Зголемениот граѓански ангажман, следователно, може да создаде подобра околина и можност за младите луѓе да останат и да успешно функционираат во своите заедници, што може значително да го намали проблемот со миграцијата.