ЗА ИЗБОР АНКЕТАР ЗА ПОДГОТОВКА НА АНАЛИЗА
„ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП КОН УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА НЕФОРМАЛНИТЕ СОБИРАЧИ НА ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ“
Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК Скопје објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на Анкетар за спроведување на интервју и пополнување на 500 прашалници во 10 општини на Република Северна Македонија. Прашалниците ќе бидат претходно подготвени од страна на проектниот тим и ќе бидат дизајнирани за подготовка на анализа на тема: “Интегриран пристап кон унапредување на условите за неформалните собирачи на отпад од пакување“.
Повикот се објавува во рамки на проектот – : “Интегриран пристап кон унапредување на условите за неформалните собирачи на отпад од пакување“, финансиран од страна на Министерството за екологија и просторно планирање на Република Северна Македонија. објавен на веб страната на Асоциација Иницијатива за социјална промена ИнСоК. www.insoc.org.mk
Рокот за доставување на понудите е 08.05.2024.
Предвиден буџет за набавката е бруто 60.000 МКД