ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Датум на објава: 15 јануари 2023

Краен рок на аплицирање: 25 јануари 2023

Работно време: 3.2 часа / 40% од работно време

Времетраење: 9 месеци од 01. Февруари 2023 до 31. Октомври 2023

Во рамките на проектот – Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија, акциски грант поддржан од страна на Цивика Мобилитас спроведуван од Иницијатива за социјална промена ИнСоК, Центар за интеграција и поддршка – СИЕК – Скопје и Здружението за права и хуманост Интегра Нау од Скопје со генерална цел: Придонес кон општествено опкружување, во кое функционира и се развива граѓанскиот сектор,  придонесува за намалување на политизирањето во општеството, мултикултурна соработка и кохезија, добро владеење и социјална инклузијаи специфична цел: Градење на механизми за јакнење на меѓу секторска соработка на граѓанскиот сектор и институциите на државата за развивање на меѓу-граѓанска доверба и намалување  на социо-економската поларизираност на локално и национално ниво.

Здружението за права и хуманост Интегра Нау од Скопје објавува јавен повик за ангажирање на едно лице на договор на дело.

Задачи и одговорности

Да отвори страница на Facebook

На истата да објавува содржини од организираните настани и активности, ставови на членовите на коалицијата и информации за тековни и идни настани кои ќе се организираат на ниво на Форумот на помалубројните заедници во Република Северна Македонија.

Да соработува со проектниот тими членките на Форумот на помалубројните заедници во Република Северна Македонија.

Да иницира воспоставување на иновативни модели за генерирање на содржини во социјалните медиуми;

Да има активно промовирање на целта на проектот и учествување на различни локални и национални активности предвидени во рамки на проектот;

Потребни квалификации:

Завршено средно или високо образование;

Искуство во работа;

Желба и подготвеност за работа;

Основно познавање на Microsoft Office, и платформи на социјални мрежи;

Познавање и разбирање на нациналниот и локалниот контекст во општеството и остварувањена правата на помалубројните заедници;

Чувство за колективен интерес со помалубројните заедница и мотивираност за позитивни промени кај заедниците на локално и национално ниво;

НАЧИН И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

CV/Кратка биографија

Мотивациско писмо кое треба да одговара на следните прашања:

Зошто аплицирате на оваа позиција? Зошто аплицирате за тој вид на консултант, а не за друг? Кое е Вашето искуство во областа за која аплицирате?

Документите за аплицирање треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: integramj2016@gmail.com најдоцна до 25.01.2023 година со назнака (предмет) „Апликација за Јавен повик за ангажирање на одржување на социјални мрежи “.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро