Асоцијација Иницијатива за социјални промени ИнСоК – Скопје, во рамки на институционалната поддршка од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС објавува повик за ангажирање на двајца волонтери со ангажман од 3 месеци.
Волонтерите ќе бидат ангажирани при секојдневното работење на ИнСоК.
Кандидатите ќе треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Минимум завршено средно образование;
- Познавање на MS Office и Интернет;
- Средно познавање на англиски јазик;
- Завршено високо образование или студии во тек ќе се смета за предност;
- Познавање на други јазици ќе се смета за предност.
Заинтересираните лица треба својата биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратат на insoc@insoc.org.mk најдоцна до 15 октомври 2019 година со назнака: “Повик за волонтери“
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.