НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА – “Надвор од кругот – невидливи за општеството“

Во понеделник, на 10 декември 2018 во хотел Александар Палас – Скопје се одржа завршната конференција на проектот “Надвор од кругот –невидливи за општеството“. Конференцијата е завршен настан на проектот “Надвород кругот – невидливи за општеството“, имплементиран од страна на Асоцијацијаиницијатива за социјална промена – ИнСоК – Скопје, во партнерство со Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружениеза заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари.

Проектот се спроведува во рамки на Инструментот запретпристапна помош (ИПА) на Европската Унија – Поддршка за граѓанските организацииво рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации за 2015 (EuropeAid/ 151569 / DD / ACT / MK). Конференцијата овозможи дебата на претставници одмеѓународните организации, релевантните национални институции, претставници наматичните служби, членовите на локалните координативни тела, локални асистентии останати релевантни чинители на која се презентираа досегашните постигнувањаи резултати во однос на решавањето на проблемот на лицата без извод одматичната книга на родени.

Помеѓу учесниците на конференцијата со воведниизлагања се обратија: Г-ѓа Милица Илиеска – Извршен директор – ИнСоК – Скопје, Г-дин Нафи Сарачини претставник на Делегација на Европската Унија во РепубликаМакедонија, Г-дин Дејан Кладарин преставник на УНХЦР, Г-ѓа Tања КикерековаРаководител на Сектор за човекови права во Министерството за правда наРепублика Македонија и Г-дин Елвис Мемети преставник од Министер за труд исоцијална политика на Република Македонија. Во втората сесија на учесниците сеобратија:

Г-дин Самет Скендери – проектен директор кој даде карток вовед напроектот “Надвор од кругот – невидливи за општеството“, Проектните асистентиГ-ѓа Љатифе Шиковска и Г-дин Мухамед Точи ги презентираат резултатите итековните активности а Г- дин Воислав Зафировски – Независен Експерт/Истражувачго презентира Документот за застапување и препораките кои произлегуваат какотрајна заложба и дополнителен ангажман. На настанот севое излагање имаше и

Заменик правобранителот на Република Македонија Г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа.Дебатата на конференцијата уште еднаш ги покажа залагањата кои низ синергија гиправи граѓанскиот сектор во соработка со меѓународните организации иинституциите во Република Македонија во насока на решавање на потребите ипроблемите со регистрирањето на лицата без извод од матична книга на роденитево Република Македонија. Препораките од конференцијата јасно истакнаа дека:Државата треба да обезбеди системко решение на регистрирањето на лицата безизвод од матична книга на родени. Системкото решение треба да обезбедиобезбедување времен регистар и процесот на добивање на извод да биде краток.Исто така, од моментот на регистрација во времениот регистар на лицата безизвод од матична книга на родени треба да започне нивната можност за уживање направата како и останатите граѓани во Република Македонија.

Конференцијата заврши со повик на Г-ѓа Милица Илиеска – Извршен директор на Асоцијацијаиницијатива за социјална промена – ИнСоК – Скопје, за заедничка синергија,соработка и вмрежување помеѓу сите засегнати страни во насока на надминување напроблемите на лицата без извод од матична книга на родени. Г-ѓа Милица Илиескаисто така ги повика преставниците на зесегнатите страни, донаторите и државнитеинституции да во иднина ги користат изградените човекови капацитети на проектот “Надвор од кругот – невидливи за општеството“ како ресурс кој знае и има вештиназа соочување со предизвиците и работата на терен кога станува збор запопулацијата која е надвор за општеството поради тоа што немаат извод одматична книга на родени.

Самет Скендери

 Проектен директор

Надвор од кругот – невидливи за општеството

Асоцијација Иницијатива за Социјална Промена – ИнСоК – Скопје

тел: +389 2 614 2690

insoc@insoc.org.mk

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро