ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИ АСИСТЕНТИ ЗА ПРАВНИ СОВЕТИ
во рамки на проектот: “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО”
Објавен од: Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари
Објавен на: 26/12/2017
Активен до: 20/01/2018
Позиција: Асистент за правни совети
Локација: Шуто Оризари (Скопје), Битола, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гевгелија, Кичево, Охрид, Пехчево и Штип
Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари, објавуваат повик за ангажирање на 16 Локални асистенти за правни совети за лица без лична документација.
Ангажманот е во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK
Главната цел на проектот е:
Придонес кон зајакнување на влијанието на ромските граѓански организации во политичките процеси за отстранување на процедуралните и административните пречки со кои се соочуваат Ромите без лични документи за идентификација што ќе им овозможат да ги уживаат своите основни човекови права како еднакви граѓани во Македонското општество.
Специфичните цели се:
1. Граѓанското општество и јавните институции работат во партнерство врз основа на подготвеност, доверба и взаемно признавање за отстранување на процедуралните и административните бариери за издавање лични документи за ромската популација;
2. Градење на капацитетите на активните ромски активисти за нивниот посилен и активен придонес во политичките иницијативи, вмрежување и имплементација на мерки за интегрирање на ромската заедница на локално и национално ниво;
3. Подигање на свеста на граѓаните за еднаквоста и основните права како услов за надминување на предрасудите, систематска дискриминација и подобрување на статусот на Ромите во Македонија.
Право да учествуваат на повикот имаат сите заинтересирани лица кои имаат завршено факултет од областа на правните науки, се во фаза на студирање или имаат ССС со најмалку 2 годишно искуство со работа во граѓански организации кои работат на решавање на проблеми на ромската заедница.
Одговорности:
– Теренски активности за идентификување на лица без лична документација и нивна регистрирање во база на податоци;
– Водење и редовно ажурирање на базата на податоци;
– Задолжително учество на обуките за процесирање на случаи за лица без лична документација.
– Обезбедување на основни правни информации и совети на лицата без лична документација и поддршка во процесот на вадење на документи;
– Учество во заеднички активностите и координација на активностите со Локалните асистенти од Источна, Западна Македонија и Скопје и Шуто Оризари
– Подготовка на периодични извештаи од работењето и редовно информирање до Координаторот за правни совети;
Потребни квалификации:
– Завршен факултет од областа на правните и општествените науки (ВСС) или ССС подготока со двегодишно работно искуство во граѓански организации кои работат на решавање на проблеми на ромската заедница;
– Солидно познавање на англиски јазик;
– Солидно познавање на Microsoft office (Microsoft Word, Microsoft Excel и Microsoft Power point);
– Добро разбирање на основните аспекти на заштита на човекови права ќе се смета за предност;
Во рамки на повикот ќе бидат избрани:
– Пет (5) Асистенти за правни совети за Источна Македонија – за општините (Кавадарци, Куманово, Велес, Гевгелија, Пехчево и Штип), лоцирани во Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип
– Пет (5) асистенти за правни совети за Западна Македонија за општините (Битола, Гостивар, Прилеп, Тетово, Кичево, Охрид), лоцирани во Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, и
– Шест (6) асистенти за правни совети за Скопје и Шуто Оризари, лоцирани во РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари
Избраните асистенти за правни совети ќе имаат обврска да учествуваат на 2 последователни обука за Процесирање на случаи за лица без лична документација.
Вид и висина на договорот:
Работното место е на определено време во траење од 10 (десет) месеци, врз основа на хонорар со предвиден месечен надомест со бруто сума во износ од 280 ЕУР или 17,200.00 МКД.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават 1) кратка биографија (CV) и 2) писмо за мотивација до Асоцијација Иницијатива за социјална работа – ИнСоК – Скопје на e-mail адреса: insoc@insoc.org.mk со назнака “Оглас за работно место асистент за правни совети”.
Само оние кандидати кои ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на интервју. Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Ве молиме во апликацијата да ги вклучите Вашите контакти, односно телефонски број и e-mail адреса.