Целта на конкурсот е да се обезбеди поддршка на ромските граѓански организации кои работат на зајакнување на соработката со институциите на локално и национално ниво преку застапување и лобирање, за поадекватен одговор на потребите и проблемите на ромската заедница во Република Македонија. Повикот ќе подржи проекти кои:
Ќе демонстрираат иновативни модели на партнерство со јавните институции и приватниот сектор, особено во областите на вработување и претприемништво со насока да бидат мултиплицирани или интегрирани во јавните политики;
Ќе бидат во насока на мобилизирање на средства за техничка помош и подршка за зголемување на способностите на локалните даватели на услуги за полесен пристап и искористување на ЕУ фондовите;
Се однесуваат на надминување на бариерите кои го отежнуваат пристапот до фондовите на ЕУ, особено делот со финансиските капацитети на ромските граѓански организации.
Важноста од застапување и лобирање за Ромската заедница оди во прилог на остварување на целите и приоритети предвидени со Стратегијата на Ромите и придонесува за развој и унапредување на можностите кои што им стојат на располагање на граѓаните.
Малите грантови се во висина од минимум 3.000 УСД до максимум 5.000 УСД, a вкупниот фонд на проектот Пристап на Ромите до фондови за оваа намена изнесува 25.000 УСД. Временската рамка за реализација на проектите треба да биде од 3 (три) до 5 (пет) месеци.
Рокот за доставување е среда, 15 Јули 2015 година – на следниве е-mail адреси: verica.krzhovska@insoc.org.mk и insoc@insoc.org.mk
Формулари за аплицирање
Лице за контакт: Верица Кржовска, Асистент на ПРФ за Македонија – Асоцијација иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје; Е-mail: verica.krzhovska@insoc.org.mk; insoc@insoc.org.mk; т. +389 (0) 2 61 42 690