ПОВИК Бр. 0818-6.1 ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ПОВИК Бр. 0818-6.1
ФИНАНСИСКА ПОДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “Надвор од кругот – невидливи во општеството“ кој се спроведува со финансиска помош од Европската унија во рамки на ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015, објавуваат:

Финансиската подршка е наменета за граѓански организации кои сакаат да придонесат кон зајакнување на влијанието во креирање на јавни политики за елиминација на процедурите и административните потешкотии со кои се соочуваат Ромите без документи за лична идентификација и овозможување на уживање на основните човекови права како рамноправни граѓани во општеството.

Предлог проектите треба да промовираат и бидат насочени кон:
Откривање и регистрација на нови случаеви на лица без лична документација и превземање на превентивни активности за спречување на можности за појава на нови.
(1) Проекти кои ќе бидат насочени кон откривање на нови случаеви на лицата без лична документација;
(2) Проекти кои се насочени за помош и регистрирање на лицата без лична документација;
(3) Проекти за застапување за подигнување на свестта за превенција и решавње на проблемите и потребите на лицата без лична документација;

Целокупниот фонд за финасирање на граѓански организации изнесува: 80, 000.00 ЕУР. Секоj поединечен грант не смее биде помал од 5,000.00 ЕУР или да надмине максимум износ од 10.000 ЕУР.

Критериумите за пријавување и избор на заинтересираните граѓански организации се претставени во насоките за повикот и придружните обрасци за пријавување, достапни на www.insoc.org.mk.

Целосната апликација може да биде поднесена на следниот начин:
1. На следнава e –mail адреса: insoc@insoc.org.mk со назнака Повик бр. 0818-6.1.2 – „Надвор од кругот – невидливи за општеството”.
2. Преку пошта: Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК – Скопје, ул. Миладин Поповиќ 4-1а, 1020 Скопје.
3. На рака: Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК – Скопје, ул. Миладин Поповиќ 4-1а, 1020 Скопје.

Спроведувачите на проектот “Надвор од кругот – невидливи во општеството“, Здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, и проектниот тим Ви поскауваат успех во аплицирањето.

Скопје, 26.12.2017

Упаство за апликанти

Анекс-A. Апликација за предлог проект

Анекс-B. Временска рамка

Анекс-C. Логичка рамка

Annex-D-Буџет

Annex-E-Декларација на носители на проект

 

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро