за ангажирање на фасилитатори
Проект: „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“
Организација: Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСоК, Тетово
Период на имплементација: мај – октомври 2026
Предмет на повик:
Ангажирање на фасилитатори за спроведување на едукативни работилници со младите Роми и други ранливи категории.
Опис на работилниците:
Во рамки на проектот ќе се реализираат четири едукативни работилници со теми:
- „Твоите права“ (Важноста на личните документи за секој поединец во општеството
(Извод од матична книга на родени, Извод од матична книга на венчани, Извод од матична книга на умрени) - „Антидискриминација“
- „Како да аплицираш за социјална помош“
- „Интеграција и учество во општественото живеење на локално ниво“
Работилниците ќе бидат интерактивни, со симулации на административни постапки и практични примери.
Потребни квалификации за фасилитаторите:
- Универзитетско образование (право, социјални науки или сродна област). Или ССС со 10 годишно искуство на познавање на темите поврзани со административна правда, антидискриминација и социјална инклузија.
- Искуство во работа со младински групи и маргинализирани заедници.
- Познавање на темите поврзани со административна правда, антидискриминација и социјална инклузија.
- Комуникациски и организациски вештини.
Обврски на фасилитаторите:
- Подготовка на материјали за работилниците.
- Реализација на работилниците во Скопје, Тетово и Гостивар.
- Изготвување кратки извештаи за спроведените активности.
Рок за аплицирање:
До [29.06.2026].
Начин на аплицирање:
Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на:е-маил: insoc@insoc.org.mk или испечатени на рака или по пошта на адреса: Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК Тетово ул. Христијан Тодоровски Карпош бр. 3 1220 Тетово.
Тетово, 22.06.2026
Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК Тетово