за обезбедување простор за едукативни работилници
Проект: „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“
Организација: Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСоК, Тетово
Период на имплементација: јули – октомври 2026
Предмет на повик:
Обезбедување простор за реализација на пет едукативни работилници со младите Роми и други ранливи категории во Скопје, Тетово и Гостивар.
Опис на потребата:
Во рамки на проектот ќе се реализираат пет едукативни работилници со теми:
- „Твоите права“ (Важноста на личните документи за секој поединец во општеството
(Извод од матична книга на родени, Извод од матична книга на венчани, Извод од матична книга на умрени) - „Антидискриминација“
- „Како да аплицираш за социјална помош“
- „Интеграција и учество во општественото живеење на локално ниво“
- Правна клиника
Просторот ќе се користи до крајот на октомври еднаш неделно како правна клиника за давање на административно правни совети на засегнати страни на локално ниво.
За нивна успешна реализација потребен е соодветен простор кој обезбедува услови за интерактивна работа и учество на приближно 25–30 учесници по работилница.
Минимални услови за просторот:
- Капацитет: минимум 30 лица.
- Опременост: маси, столици, проектор/екран, озвучување.
- Пристапност: лесен пристап за лица со попреченост.
- Локација: централна позиција во Скопје, Тетово или Гостивар.
- Дополнителни услови: санитарни простории, можност за обезбедување освежување.
Критериуми за избор:
- Најповолна понуда според цена и услови.
- Логистичка достапност, препознатливост на просторот и пристапност за целната група.
- Искуство во обезбедување простор за слични настани.
Рок за доставување понуди:
До [29.06.2026].
Начин на доставување:
Понудите да се достават електронски на: insoc@insoc.org.mk или во печатена форма на адреса: Ул. Христијан Тодоровски Карпош бр.3, 1220 Тетово.
Тетово, 22.06.2026
Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК Тетово