ПОВИК ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ

(простор и храна за јавна дебата)

Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово во партнерство со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) – Гостивар, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце и Асоцијација Институт за лидерство и јавна политика – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, објавува повик за набавка на услуги.

1. Предмет на набавка

  • Изнајмување простор за одржување јавна дебата
  • Обезбедување храна и освежителни пијалоци за учесниците

2. Настан

  • Име на настан: Јавна дебата „Причини и состојба со миграцијата на младите од Полошкиот регион“
  • Локација: Општина Брвеница
  • Датум и време: 26.12.2024, со почеток во 14:00 часот
  • Број на учесници: приближно 20 лица

3. Услуги кои треба да се обезбедат

  • Простор со доволен капацитет за наведен број учесници, со соодветна техничка опрема (столици, маси, основна озвученост).
  • Храна (ручек/мени) и освежителни пијалоци за сите учесници.
  • Поддршка од персонал за сервирање и организација.

4. Критериуми за избор

  • Финансиска понуда (цена по учесник и вкупна цена).
  • Квалитет и разновидност на понуденото мени.
  • Достапност и соодветност на просторот за јавна дебата.
  • Искусност во обезбедување услуги за слични настани.

5. Рок и начин на доставување понуди

  • Понудите да се достават најдоцна до 13.12.2024.
  • Понудите се доставуваат електронски на е-пошта: insoc@insoc.org.mk или во печатена форма во канцелариите на ИнСоК на ул, Христијан Т. Карпош бр 3 1220 Тетово

6. Напомена

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро