Барање за понуди 0844-A2.3/1

Настан за вмрежување – Општина Ростуше
09.06.2025 (понеделник)
Пицерија “Зинко-Бос“ – Ростуше

Почитувани,

Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, организира настан за вмрежување на локално ниво на 09.06.2025 година во Ростуше.

Со ова барање Ве покануваме да доставите понуда за обезбедување ручек и освежување за учесниците на настанот.

Детали за настанот

  • Датум: 09.06.2025 (понеделник)
  • Време: 10:00 – 14:00 часот
  • Локација: Пицерија “Зинко-Бос“ – Ростуше
  • Број на учесници: 30–40 лица (очекувано)

Потребни услуги

  1. Ручек (по завршување на настанот, околу 14:00 часот):
    • Мени со главно јадење (месна и вегетаријанска опција).
    • Вклучени пијалоци (минерална вода, сок).
  2. Дополнителни услови:
    • Навремено сервирање и професионална услуга.
    • Вклучени сите трошоци (услуга, прибор, персонал).

Рок за доставување понуда

Ве молиме понудата да ја доставите најдоцна до 05.06.2025 на е-пошта: [insoc@insoc.org.mk] или лично во канцелариите на ИнСоК – Тетово.

Критериуми за избор

  • Квалитет и разновидност на понуденото мени.
  • Финансиска прифатливост.
  • Искуство во организација на вакви настани.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро