БАРАЊЕ ПОНУДИ

Изнајмување на простор за организирање  еднодневна обука, ручек и освежување за 25 лица.

Почитувани,

Имаме потреба од изнајмување простор за организирање на еднодневна обука на ден 27.02.2025 година од 9:00 часот до 16:00 часот, освежување и ручек за 25 лица учесници на обуката. Понудата да се достави без данок на додадена вредност (ДДВ).

Ова е активност на проектот ,,ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ АНГАЖМАН И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН“. Проектот е реализиран од Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар во партнерство со Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово, Центарот за едукација и развој (ЦЕД), Теарце, Асоцијација Институт за лидерство и јавна политика – Тетово, поддржан преку Цивика мобилитас, проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

Општа цел на проектот е: Подобрување на  општествениот контекст во кој што функционираат младите од Полог особено во врска со свесноста за проблемот со миграцијата, поттикнување на нивен граѓански ангажман и претприемништво.

Ве молиме доколку сте заинтересирани испратете понуда на е-маил: insoc@insoc.org.mk најдоцна до 21.02.2025 година 15 часот.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро