Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје во соработка со Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари, го спроведува проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО”. Проектот се спроведува во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија – Поддршка за граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации за 2015 (EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK).
Проектот има за цел да придонесе кон зајакнување на влијанието на ромските граѓански организации во креирањето на политики за елиминација на процедурите и административните потешкотии со кои се соочуваат Ромите без документи за лична идентификација и овозможување на уживање на основните човекови права како рамноправни граѓани во македонското општество.
НАБАВКА НА ЕКСПЕРТСКИ УСЛУГИ:
Во рамки на проектот: “Надвор од кругот – невидливи во општеството”
Дизајн и подготовка на банер на проектот, банер за конференција, летоци, постери и промотивен материјал
ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ