Асоцијацијата ИнСоК – Тетово во септември 2026 година ја продолжи имплементацијата на проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“, финансиран од Европската Унија со грант од Институтот за човекови права – Скопје.
Во рамки на правната клиника, експертот Милица Илиеска обезбеди бесплатна правна и административна поддршка за десетици лица, со акцент на младите Роми и ранливите категории. Активностите опфатија неделни правни совети, советување за антидискриминација, поддршка на младинската група „Млади Роми за правда“, како и организација на јавни иницијативи и кампањи во Тетово и Гостивар.
Преку овие активности беа подготвени документи и протоколи за аплицирање за социјална помош, здравствено осигурување и образовни права. Младинската група активно се вклучи во застапувањето и иницираше предлози за подобрување на административните услуги. Јавните кампањи придонесоа за зголемување на свеста кај младите за значењето на човековите права и административната правда.
Анализата потврди дека постои голема потреба од континуирана правна поддршка, а проектот се покажа како ефикасен механизам за градење доверба меѓу граѓаните и институциите. ИнСоК препорачува продолжување на неделните правни клиники, зголемување на теренските посети и развивање прирачници на македонски и албански јазик, со цел трајна социјална инклузија и намалување на дискриминацијата.