Асоцијацијата ИнСоК – Тетово во текот на август 2026 година успешно ја продолжи имплементацијата на проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“, финансиран од Европската Унија, со грант од Институтот за човекови права – Скопје.
Во рамки на правната клиника, експертот Милица Илиеска обезбеди бесплатна правна и административна поддршка за десетици лица, со акцент на младите Роми и ранливите категории. Активностите опфатија неделни правни совети, теренска работа во ромските населби, советување за антидискриминација, поддршка на јавната кампања „Млади за правда“ и организација на едукативни работилници во Тетово и Гостивар.
Преку овие активности беа подготвени документи и протоколи за аплицирање за социјална помош, здравствено осигурување и образовни права. Јавната кампања придонесе за зголемување на свеста кај младите за значењето на човековите права, додека работилниците овозможија практична едукација за лица без документи или со новостекнати документи.
Анализата покажува дека постои голема потреба од континуирана правна поддршка, а проектот се потврди како ефикасен механизам за градење доверба меѓу граѓаните и институциите.
ИнСоК препорачува продолжување на неделните правни клиники, зголемување на теренските посети и развивање прирачници на македонски и албански јазик, со цел трајна социјална инклузија и намалување на дискриминацијата.