(преведувачи – толкувачи за јавни дебати)
Асоцијација Институт за социјална промена – Тетово во партнерство со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) – Гостивар, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце и Асоцијација Институт за лидерство и јавна политика – Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“, објавува повик за набавка на услуги.
1. Предмет на набавка
Ангажирање преведувачи – толкувачи за јавни дебати за симултано преведување Македонски Албански и обратно.
2. Настани
- Настан 1: Јавна дебата „Причини и состојба со миграцијата на младите од Полошкиот регион“
- Локација: Маврови Анови – Маврово
- Датум и време: по претходен договор
- Број на учесници: приближно 20 лица
- Настан 2: Јавна дебата „Причини и состојба со миграцијата на младите од Полошкиот регион“
- Локација: Општина Брвеница
- Датум и време: по претходен договор
- Број на учесници: приближно 20 лица
3. Услуги кои треба да се обезбедат
- Симултано или консекутивно толкување за учесниците – Македонски – Албански и обратно.
- Обезбедување јасна и точна комуникација меѓу учесниците.
- Поддршка за двојазична дискусија (македонски и албански јазик).
- Професионално однесување и почитување на времето и динамиката на настанот.
4. Критериуми за избор
- Искуство во преведување/толкување на јавни дебати, конференции или слични настани.
- Познавање на темата (млади, миграција, граѓански ангажман).
- Комуникациски и организациски вештини.
5. Рок и начин на доставување понуди
Понудите да се достават најдоцна до 06.12.2024.
Понудите се доставуваат електронски на е-пошта: insoc@insoc.org.mk или во печатена форма во канцелариите на ИнСоК на ул. Христијан Т. Карпош бр. 3, 1220 Тетово.
6. Напомена
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.