за ангажирање на
ОПЕРАТОР ЗА МЕДИУМСКА КАМПАЊА – ПРОМОВИРАЊЕ НА ВИДЕА
Во рамки на проектот “Од предрасуди до пријателства: Локални иницијативи за инклузивно општество” спроведуван од страна на Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК, а финансиран од страна на Министерството за односи меѓу заедниците се објавува следниот повик за ангажирање на оператор за медиумска кампања – спроведување на конкурс за изработка на креативни видеа и есеи, изработка на постер за кампањата и промовирање на видеа на социјални мрежи.
- Предмет на повикот: Предмет на овој повик е изработка на постер, спроведување на конкурс и промовирање на избрани видеа од креативната кампања против стереотипи
- Потребни квалификации: Заинтересираните понудувачи треба да ги исполнат следниве критериуми:
- Да поседуваат медиум на интернет
- Најмалку 3 години искуство во промовирање на кампањи
- Искуство во изработка на постери за кампања
- Временска рамка
Краен рок за испраќање на понудите | 21.07.2025 |
Потпишување на договор | 22.07.2025 |
Изработка на постер за кампањата | 01.08.2025 |
Објаување на конурс за изработка на видеа и есеи (во соработка со проектниот тим) | 05.08.2025 |
Избор на наградени видеа и есеи | 15.08.2025 |
Започнување на промотивната кампања | 15.08.2025 |
Завршување на кампањата | 15.10.2025 |
4. Вредност на набавката
Дизајн на 1 постер Х 10.000 МКД | 10.000 МКД |
Продукција на 3 видеа од 3 мин. Х 10.000 МКД | 30.000 МКД |
Награди за 5 есеи Х 2.000 МКД | 10.000 МКД |
Медиумска промоција 2 месеци Х 5.000 МКД | 10.000 МКД |
Вкупно: | 60.000 МКД |
Заинтересираните кандидати треба да аплицираат најдоцна до 21.07.2025 на e-mail: insoc@insoc.org.mk со назнака за повик бр.0847-А03/1 со доставување на:
- Портфолио за претходно искуство
- Тековна состјба