Предмет на набавка:
Обезбедување освежување (пијалоци и лесна храна) за учесници на едукативни работилници,
Проект: „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“
Организација: Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСоК, Тетово
Период на имплементација: јули – октомври 2026
Проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“ има за цел да го унапреди пристапот на младите Роми до социјална и административна правда преку едукација, правна поддршка и активно учество во јавни иницијативи. Тој се спроведува во Скопје, Тетово и Гостивар во период од шест месеци (мај–октомври 2026) и опфаќа млади лица од 15 до 30 години, жени, лица со попреченост, како и млади без документи или оние кои неодамна се стекнале со документи.
Проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“е финансиран од Европската Унија, во рамки на програмата NDICI-THE-NEAR /2024/461-234. Давател на грантот е Здружение на граѓани Институт за човекови права – Скопје, а се реализира од: Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСок, Тетово.
Опис на потребата:
Во рамки на проектот ќе се реализираат четири едукативни работилници. За учесниците е потребно обезбедување освежување со цел да се создадат соодветни услови за работа и учество.
Квантитет и спецификација:
- Освежување за приближно 100 учесници
- Вода 0,50
- Сок 1 литар
- Пластични чаши
- грицки
Критериуми за избор:
| Критериум | Тежина (%) | |
| Цена | 40% | Ценовник / плаќање брз ДДВ |
| Квалитет на производи | 30% | Изјава за производители |
| Навремена достава | 20% | Изјава за време на достава |
| Искуство/референци | 10% | Портфолио / изјава за искуство |
| Вкупен резултат | 100% |
Рок за доставување понуди:
До [29.06.2026].
Начин на доставување:
Понудите да се достават електронски на: insoc@insoc.org.mk или во печатена форма на адреса: Ул. Христијан Тодоровски Карпош бр.3, 1220 Тетово.
Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСок, Тетово
Тетово, 22.06.2026