за ангажирање на експерт за правна клиника
Проект: „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“
Организација: Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСоК, Тетово
Период на имплементација: мај – октомври 2026
Предмет на повик:
Ангажирање на експерт за спроведување на активности (право-административни совети) во правна клиника и советување за младите Роми и други ранливи категории.
Опис на задачите:
- Организација и спроведување на неделни правни клиники во просториите на ИнСоК.
- Обезбедување бесплатна правна помош и советување за административни постапки (социјална помош, здравствено осигурување, образовни права).
- Изготвување извештаи за спроведените клиники и препораки за подобрување на институционалните услуги.
Потребни квалификации:
- Универзитетско образование во областа на општествено науки
- Најмалку 3 години искуство во работа со административни постапки и правна поддршка.
- Искуство во работа со младински и маргинализирани групи.
- Комуникациски и организациски вештини.
Обврски и времетраење:
- Ангажманот трае од јуни до октомври 2026 година.
- Експертот ќе спроведува најмалку една правна клиника неделно и ќе обезбедува извештаи за активностите.
Критериуми за избор:
- Најповолна понуда според цена и квалитет.
- Искуство и референци во областа на правото и административната правда.
- Способност за работа со младински и ранливи групи.
Рок за аплицирање:
До [29.05.2026].
Начин на аплицирање:
Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на:е-маил: insoc@insoc.org.mk или испечатени на рака или по пошта на адреса: Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК Тетово ул. Христијан Тодоровски Карпош бр. 3 1220 Тетово.
Тетово, 20.05.2026
Асоцијација Институт за социјална промена ИнСоК Тетово