str. Karpos no. 3, 1200 Tetovo, North Macedonia +389 77 914 080 · insoc@insoc.org.mk
October 16, 2026

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна ПРАВДА “

Над 60 млади Роми и лица без документи учествуваа на завршната конференција за пристап до правда и социјална интеграција

Во организација на Асоцијацијата Институт за социјална промена – ИнСоК, во Шуто Оризари се одржа завршната конференција на проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“, на која учествуваа повеќе од 60 учесници, меѓу кои млади од Гостивар и лица без документи од Шуто Оризари. На настанот беа презентирани резултатите од шестмесечната работа насочена кон подобрување на пристапот до правда, социјална интеграција и административни услуги за Ромската заедница.

Конференцијата претставуваше завршница на активностите реализирани во рамки на проектот, „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“ во реализација на Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСоК, финансиран од Европската Унија преку програмата NDICI-THE-NEAR и спроведуван од Институтот за човекови права – Скопје. Во текот на проектот беа организирани правни клиники, едукативни работилници, теренски активности и јавни иницијативи насочени кон зајакнување на капацитетите на младите Роми и лицата кои се соочуваат со административни пречки при остварувањето на своите права.

На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој ја нагласи важноста од системска поддршка за граѓаните кои се соочуваат со административни бариери и предизвици во пристапот до основните права. Тој истакна дека ваквите иницијативи придонесуваат за поголема општествена вклученост и зајакнување на довербата меѓу институциите и граѓаните.

Свое обраќање имаше и Весна Стефановска, програмски координатор за судство, која зборуваше за значењето на пристапот до правда како предуслов за еднакви можности и активно граѓанско учество. Таа ги поздрави напорите на младите учесници кои во изминатиот период активно се вклучуваа во обуките и активностите предвидени со проектот.

Посебно внимание привлече јавната дебата, на која учесниците имаа можност директно да дискутираат за проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Во дебатата учествуваа Љатифа Шиковска од РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари, Милица Илиеска, правник и правен советник во проектот, Мухамед Точи од ХДЗР „Месечина “– Гостивар и Зекир Абдулов, заменик-претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Говорниците дискутираа за предизвиците поврзани со личната документација, пристапот до институционални услуги, заштитата од дискриминација и потребата од поголема информираност на младите за нивните права. Посебно беше истакната важноста од меѓусекторска соработка помеѓу граѓанските организации, локалните самоуправи и државните институции со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат маргинализираните категории граѓани.

Учесниците споделија лични искуства и примери за позитивни промени кои ги донеле проектните активности, нагласувајќи дека стекнатите знаења и вештини им помогнале полесно да комуницираат со институциите и поефикасно да ги остваруваат своите права.

Конференцијата заврши со порака дека вложувањето во младите и обезбедувањето еднаков пристап до правда остануваат клучни фактори за изградба на поинклузивно и праведно општество. Организаторите истакнаа дека резултатите од проектот претставуваат добра основа за идни иницијативи насочени кон унапредување на положбата на Ромската заедница и подобрување на пристапот до институционална заштита за сите граѓани.

Advocacy News and Evenets Projects

Working on Roma inclusion, policy or civil society? Let’s talk.

Get in touch