„МЛАДИ ЗА ПРАВДА“ – ЗАЕДНИЧКА БОРБА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА
Апстракт
Кампањата „Млади за правда“ претставува иницијатива за борба против дискриминацијата и промоција на еднаквост и инклузија, реализирана од ИнСоК – Тетово во рамки на проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“, финансиран од Европската Унија. Активностите опфаќаат правни клиники, едукативни работилници, теренска работа и јавни иницијативи, со цел младите да се информираат за своите права и да станат активни чинители во општеството. Преку партнерство со повеќе организации, кампањата обезбедува логистичка и медиумска поддршка, создавајќи платформа за гласност и учество на младите Роми и ранливите категории во процесите на донесување одлуки.