Оваа анализа го истражува медиумското известување за немнозинските етнички заедници во Република Северна Македонија за време на локалните избори во 2025 година. Изработена во рамките на проектот „Фер избори – можности за помалите заедници“, таа има за цел да утврди колку и на кој начин медиумите ги покриваат темите поврзани со правата, учеството и застапеноста на овие заедници во јавниот и политичкиот живот. Методологијата комбинира квантитативен и квалитативен пристап, преку систематско пребарување на медиумски текстови од септември до ноември 2025 година, користејќи клучни зборови поврзани со етничките заедници и малцинските права. Анализата покажува дека најголем дел од содржините се однесуваат на ромската заедница, а доминантните медиумски рамки се политички, социјални и проблемски наративи. Забележано е значително повторување на вести меѓу медиумите, што укажува на ограничена оригиналност во известувањето. Резултатите ја нагласуваат потребата од поинклузивен, балансиран и одговорен медиумски пристап кој ќе придонесе за подобро разбирање меѓу заедниците и зајакнување на довербата во демократските процеси.
„Фер избори – можности за помалите заедници“ е проект спроведуван од Институт за социјална промена ИнСоК – Тетово во партнерство со Здружение за права и хуманост Интегра Нау Скопје. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на документот е единствена одговорност на спроведувачот на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.