На Локалните избори 2025 година, Асоцијацијата ИнСоК – Тетово во партнерство со Интегра Нау – Скопје обезбеди активно учество на набљудувачи од редовите на малцинските заедници.
Преку проектот „Фер избори – можности за помалите заедници“ беа регрутирани и обучени 20 млади лица од различни етнички заедници. Тие учествуваа како набљудувачи во двата изборни круга (19 октомври и 2 ноември 2025), следејќи ја регуларноста на процесот и придонесувајќи за транспарентност и доверба кај граѓаните.
Овој ангажман овозможи:
- Инклузивност – застапеност на Роми, Власи и други ранливи групи во изборниот процес.
- Младинска мобилизација – создавање нова генерација активни набљудувачи и промотори на демократски вредности.
- Транспарентност – подготовка на извештаи за регуларноста на изборите и заштита на изборните права.
Со оваа иницијатива, ИнСоК и Интегра Нау покажаа дека граѓанските организации од малцинските заедници можат да бидат клучни актери во обезбедување фер, инклузивни и демократски избори.

