Асоцијацијата Институт за социјална промена – ИнСоК, во рамки на проектот „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“, организира завршна конференција на 16 октомври 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во Ресурсниот центар за НВОи – Општина Шуто Оризари, Скопје. Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата NDICI-THE-NEAR и се реализира во партнерство со Институт за човекови права – Скопје.
Конференцијата има за цел да ги презентира резултатите од шестмесечната работа насочена кон унапредување на пристапот до социјална и административна правда за младите Роми, жените и лицата кои се стекнале со документи за лична идентификација. Ќе бидат споделени искуства од правните клиники, едукативните работилници, теренската работа и јавните иницијативи, како и препораки за подобрување на институционалните услуги.
Присуството на конференцијата претставува можност за градење дијалог меѓу младите и институциите, зајакнување на довербата и промовирање на инклузивноста. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата: www.insoc.org.mk.