„Ромскиот глас – клучот што институциите го игнорираат“

Повик: Претставници на ромската заедница, време е да се мобилизирате и да излезете на гласање во што поголем број. Вашиот глас е клучот што институциите долго време го игнорираат, но токму тој клуч може да ја отвори вратата кон еднакви можности, фер застапеност и вистинска демократија. Локалните избори 2025 нека бидат моментот кога ромската заедница ќе покаже дека не е невидлива, туку моќна и решителна.

Во секоја изборна кампања се зборува за демократија, транспарентност и еднаквост, но ретко се зборува за ромската заедница. Ромите, како една од најмаргинализираните групи, често остануваат надвор од политичките агенди и нивните потреби ретко се вклучуваат во програмите на партиите. Локалните избори 2025 треба да бидат момент кога институциите конечно ќе сфатат дека ромскиот глас е клучен за вистинска инклузија и за градење општество кое не остава никого зад себе.

Игнорирањето на оваа заедница значи игнорирање на дел од општеството. Тоа е спротивно на основните принципи на демократијата. Активното гласање на Ромите е порака дека тие не се статистика, туку граѓани со еднакви права, барања и одговорности. Секој ромски глас е чекор кон поголема видливост, кон институции кои ќе мора да ги земат предвид нивните потреби и кон политики што ќе ја промовираат еднаквоста.

Ромската заедница се соочува со бројни предизвици – од ограничен пристап до образование и здравство, до дискриминација и економска исклученост. Затоа правото на глас не е само формалност, туку алатка за промена. Со масовно учество на изборите, Ромите можат да ја променат динамиката на локалната политика и да ја наметнат агендата за инклузија и праведност.

КАМПАЊА – СТОП ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО!

Жртви на насилство

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро