Програма за поддршка на граѓанското општество – Цивика Мобилитас

ИнСоК во текот на месец јули 2019 во рамки на третата фаза 2019-2022 од спроведувањето на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС се здоби со институционален грант.

ЦИВИКА МОБИЛИТАС е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).

Општа цел на програмата е:

Општествените промени во Македонија се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

Програмата има четири резултати:

Околината за развој на граѓанското општество е подобрена преку креирање механизми за подобра соработка помеѓу властите и граѓанските организации и зголемување на јавното финансирање за граѓанското општество.

Граѓанските организации градат силни конституенти овозможувајќи активно учество на граѓаните во граѓанските иницијативи како и во волонтерските активности.

Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи во граѓанското општество.

Граѓанските организации активно учествуваат во јавните политики и носењето одлуки кои водат кон подобри политики и практики.

Во рамки на добиениот институционален грант ИнСоК ги планира следниве активности:

  • Изработка и публикување на анализа за степенот на државно финасирање на граѓанскиот сектор при спроведувањето на акции – проекти насочени кон Роми.
  • Одржување на состаноци со преставници  на Минитерствата и институциите за зголемување на можностите на Граѓанските организации за акции во ромскита заедница.
  • Организирање на тематска работилница со конституенти за унапредување на ангажманот на граѓанскиот сектор во општеството, координација и застапување на системски трајни решенија за вклучување на Ромите.
  • Работилница за подготовка на Стратегија за 2020 – 2025 на ИнСоК.
  • Планирање и подготовка на Годишна програма за работа на ИнСоК.
  • Ангажирање на волонтери.
  • Работни состаноци за формирање на тематска мрежа за меѓусебна помош, соработка и  координација на граѓански организации кои спроведуваат акции на лица кои се исклучени во општеството со акцент на Ромите.
  • Активно учество и давање на придонес во планирање, подготовка и реализација на документи за јавни политики поврзани со Ромите.
  • Активно учество на настани, средби, форуми поврзано со зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во општеството.
  • Формирање на акциски тим за следење и учество во процесите на планирање на јавни политики поврзани со Ромите.
  • Подготовка на мислења, заклучоци и препораки (Opinion briefs) по однос на прашања кои бараат систематско трајно решение за интеграција на Ромите.
  • Учество на настани средби, фестивали организаирани за зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во општеството.

Надир Реџепи – Координатор – учетво на МТВ1 – Македонија Наутро