Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје во соработка со Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите – Месечина – Гостивар, Здружение за заштита на правата на Ромите – ЗПР – Штип и Ромски Едукативен Центар – РЕЦ Амбрела – Шуто Оризари, го спроведува проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО”. Проектот се спроведува во рамки на  Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија –  Поддршка за граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации за 2015 (EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK).

 

Проектот има за цел да  придонесе кон зајакнување на влијанието на ромските граѓански организации во  креирањето на политики за елиминација на процедурите и административните потешкотии со кои се соочуваат Ромите без документи за лична идентификација и  овозможување на уживање на основните човекови права како рамноправни граѓани во македонското општество.

 

Договорен орган е: IPA / 2015 / 381751- Надвор од кругот – невидливи во општеството, со адреса на Кеј Маршал Тито бр. 45 телефон за контакт 389 70 264 219, електронска адреса arrp@t.mk , контакт лице Шенај Османов

Предмет на договорот за јавна набавка е:

Подготовка на документ за јавни политики / Preparation Policy briefs

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.

Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка или со CV (биографија и портфолио од претходни слични активности) ќе ја докаже неговата способност за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка .

Понудувачот (само правните лица) може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

Лицата кои учествувале во изработка на повикот не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

 

Превземи документација за повикот