ИнСоК во текот на
месец јули 2019 во рамки на третата фаза 2019-2022 од спроведувањето на
програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС се здоби со институционален грант.
ЦИВИКА МОБИЛИТАС
е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го
спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка
(МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).
Општа цел на програмата е:
Општествените промени во Македонија се
поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со
властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно
управување како на централно, така и на локално ниво.
Програмата има четири резултати:
Околината за развој на граѓанското
општество е подобрена преку креирање механизми за подобра соработка помеѓу
властите и граѓанските организации и зголемување на јавното финансирање за
граѓанското општество.
Граѓанските организации градат силни
конституенти овозможувајќи активно учество на граѓаните во граѓанските
иницијативи како и во волонтерските активности.
Соработката помеѓу граѓанските организации
е подобрена и води кон сојузи во граѓанското општество.
Граѓанските организации активно учествуваат
во јавните политики и носењето одлуки кои водат кон подобри политики и
практики.
Во рамки на
добиениот институционален грант ИнСоК ги планира следниве активности:
- Изработка
и публикување на анализа за степенот на државно финасирање на граѓанскиот
сектор при спроведувањето на акции – проекти насочени кон Роми.
- Одржување
на состаноци со преставници на
Минитерствата и институциите за зголемување на можностите на Граѓанските
организации за акции во ромскита заедница.
- Организирање
на тематска работилница со конституенти за унапредување на ангажманот на
граѓанскиот сектор во општеството, координација и застапување на системски трајни
решенија за вклучување на Ромите.
- Работилница
за подготовка на Стратегија за 2020 – 2025 на ИнСоК.
- Планирање
и подготовка на Годишна програма за работа на ИнСоК.
- Ангажирање
на волонтери.
- Работни
состаноци за формирање на тематска мрежа за меѓусебна помош, соработка и координација на граѓански организации кои
спроведуваат акции на лица кои се исклучени во општеството со акцент на Ромите.
- Активно
учество и давање на придонес во планирање, подготовка и реализација на
документи за јавни политики поврзани со Ромите.
- Активно
учество на настани, средби, форуми поврзано со зголемување на улогата на
граѓанскиот сектор во општеството.
- Формирање
на акциски тим за следење и учество во процесите на планирање на јавни политики
поврзани со Ромите.
- Подготовка
на мислења, заклучоци и препораки (Opinion briefs) по однос на прашања кои
бараат систематско трајно решение за интеграција на Ромите.
- Учество
на настани средби, фестивали организаирани за зголемување на улогата на
граѓанскиот сектор во општеството.